Одлична си во кревет!

Што сакаат жените да слушнат? Kога маж освојува жена...

Во еден популарен машки магазин, авторите ги советуваат мажите – „што жените сакаат да слушнат од вас“. Имено, за да го „остварат она што го сакаат  и да ја освојат жената“, потребно е да ги користат вистинските зборови. Еве некои од нив:

 

„ИЗГЛЕДАШ ПРЕКРАСНО“

Кога некој би правел листа од три нешта без кои жените не можат, тоа веројатно би биле: добра храна, убава облека и сочни комплименти. Затоа, не бидете срамежливи, обратете внимание на она што и е важно – професионални успеси, убав изглед, добра форма, интелектуални достигнувања… и пофалете го и тој аспект од нејзиниот живот или личност.

„ТИ СИ ПРВА ЖЕНА ВО МОЈОТ ЖИВОТ“

Тешко дека некој маж ова би можел да го каже, па затоа ако не може да биде првата што ја сакате или водите љубов со неа, може да биде првата што ќе ја однесете на утакмица или првата поради која ќе се откажете од нешто што ви е важно, а нејзе и пречи.

„ОДЛИЧНА СИ ВО КРЕВЕТ“

Ако забележите дека е малку несигурна кога станува збор за покажување на „овие вештини“, задолжително истакнете колку уживате во туткањето на постелата со неа.

„ТИ СИ МОЈ ПРИЈАТЕЛ“

Обрнете внимание колку често го истакнувате ова на почетокот, за да не сфати дека сакате да останете во зоната на пријателите, но доколку сте во подолга врска, секако ќе и биде драго што успева да биде и ваш пријател.

„СРЕЌЕН СУМ ШТО ТЕ ИМАМ“

..

„СЕКОГАШ ЗНАЕШ ШТО МИСЛАМ“

„ТЕ САКАМ“

Оваа листа нам (женска редакција) ни изгледа прилично добро, но исто така не гледаме дека овие зборови се нешто што би сакале да слушнат само жените. Веројатно и добар дел од господата би бил прилично задоволен од вакви изјави од женска страна. Што мислите вие?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.