Еве зошто Џенифер Гарнер би можела да биде прогласена за најдобра екс-сопруга

Му ја спасила кариерата на Бен Афлек

Џенифер Гарнер направила сѐ што може за да ја спаси кариерата на поранешниот сопруг Бен Афлек, во периодот кога бил на рехабилитација.

Имено, популарната актерка го повикала режисерот на филмот The way back, О’Конор, за да биде сигурна дека Афлек нема да ја загуби својата улога поради рехабилитацијата, бидејќи знаела колку ја сака.

Само што почнавме да се подготвуваме за филмот, тој повторно почна да пие“, рекол О’Конор и објаснил дека тогаш повторно завршил на одвикнување и не знаел што се случува со филмот.

Студиото го сметаше проектот за готов, а потоа ме повика Џенифер, неговата поранешна сопруга“, додал тој и рекол дека го замолила да не се откаже од филмот, бидејќи Афлек навистина сака да биде дел од него.

Џенифер кога отишла на посета кај Бен му објаснила дека мора да се прибере, за што тој ја послушал. Но, сепак, прашање е на време до кога ќе го поддржува и ќе му ја спасува кариерата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.