Ѕирнете во најсреќното место на Френк Синатра: Продадена е неговата вила во Малибу (ФОТО)

Новата сопственичка е позната комичарка

Американската комичарка Минди Калинг стана сопственичка на куќата на плажа, во Малибу, која некогаш му припаѓала на Френк Синатра.

Во 1992, Барбара и Френк Синатра соработувале со дизајнерот Тед Грензбах во градењето на луксузната недвижнина, која е нивно „најсреќно место на планетата“.

Почетната цена била 12,9 милиони, потоа 11,5 и на крајот е продадена за 9,95 милиони долари.

Куќата има 7 спални соби и 9 бањи.

Куќата е сокриена и опкружена со зеленило, и има мал, ретро-базен, сауна, приватна тераса, фризерски салон. Идеална е за бегство од градот, дружење и организирање вечери, има лифт, надворешен и внатрешен бар, и предворје со поглед на океанот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.