Коби Брајант зад себе оставил сопруга и три ќерки: Нивната љубов била посилна од сите пречки!

Љубовна приказна

Светот тагува по славниот кошаркар, кој живеел за кошарката и за своето семејство

Трагичната смрт на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант (41) во хеликоптерска несреќа во Калифорнија го вознемири светот и сите се збогуваат со еден од најдобрите спортисти во историјата.

Славниот кошаркар кој загинал заедно со ќерка му Џијана (13) ја оставил зад себе сопругата Ванеса и уште три ќерка, од кои едната има само шест месеци.

Сè почнало кон крајот на минатиот век. Во ноември 1999 година, Коби Брајант снимал албум кој никогаш не бил издаден, а тогаш сè уште малолетната Ванеса Лејн работела како танчарка.

Се запознале кога Коби имал 21 година, а Ванеса само 17 години. Меѓу нив се случила љубов на прв поглед.

Само шест месеци по судбинската средба, славниот кошаркар ја запросил својата избраничка, и покрај тоа што немал поддршка од родителите.

Имено, тие сметале дека е премногу млад за брак и дека треба да се фокусира исклучиво на кариерата. Им пречело и тоа што Ванеса е од друга раса.

Но Коби не дозволил тоа да ја попречи неговата љубов. Неколку месеци подоцна, парот организирал католичка венчавка, со оглед на тоа што и двајцата биле големи верници, а на церемонијата не присуствувале неговите родители.

Потоа, легендарниот кошаркар повеќе од една година не зборувал со своите родители, но тогаш на свет дошла нивната внука, најстарата ќерка на Брајант – Наталија Дијаманте Брајант.

Раѓањето на внуката значело дека и воените секири ќе бидат закопани. Две години по раѓањето на првата наследничка, младиот брачен пар доживеал трагедија, бидејќи Ванеса имала спонтан абортус.

Никогаш не сакале да зборуваат за тоа, но признале дека бракот им зајакнал по тој непријатен настан.

Среќата повторно им се насмевнала. Само една година подоцна, во 2006 година, се родила Џијана.

Се шушкало дека бракот минува низ криза, односно дека Ванеса во 2011 година поднела документи за развод, но тоа не се случило.

Брајант во повеќе пригоди ја спомнувал важноста на црквата во важните животни моменти. Нагласил дека тој и сопругата, и покрај сите потешкотии, опстанале благодарение на верата и големата љубов.

Две години подоцна, објавиле дека барањето за развод на бракот е повлечено и дека повторно уживаат во љубовта.

Легендарниот НБА кошаркар во интервјуата често истакнувал дека поранешната танчарка била неговата прва и единствена љубов. Најголема поддршка и најдобар пријател. Зборувал и како никогаш немал запознаено похрабра и подобра личност, како и дека вечно ќе ѝ биде благодарен за сè што направила за него.

Ванеса му родила уште две девојчиња – Бјанка Бела Брајант во 2016, а пред само седум месеца на свет дошка и Капри Коби Брајант.

Пред неколку месеци прославиле јубилејни 20 години брак, а неговата трогателна порака ги разнежила корисниците на социјалните мрежи.

На денешен ден, пред 20 години, ја запознав мојата најдобра пријателка, мојата кралица. Вечерва одлучив да ја однесам во Дизниленд за да прославиме како во старите добри времиња, пред четирите принцези. Те сакам засекогаш, мамасита“, напишал Коби во ноември минатата година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.