Како врз основа на говорот на телото да дознаете дали некој сака да биде ваш пријател или нешто повеќе од тоа?

Истражување открива

Со движења на очите е можно да откриете дали му се допаѓате на лицето што го гледате или не. Дури има и суптилни разлики ако некој со вас само сака да биде пријател или фантазираат за љубовна врска, покажаа истражувањата од двата американски универзитети, Велесли и Канзас.

Тие анализирале движења на очите кај 105 хетеросексуални студенти, мажи и жени, додека им покажувале фотографии од непознати од спротивниот пол. Во исто време, испитаниците коментираа дали им се допаѓа некој, колку би биле само пријатели со таа личност или нешто повеќе.

Ако погледот им скиташе над главата и градите на лицето што го гледаа на фотографијата и тие остануваа на тие места подолго и почесто, се открива дека тие размислувале за можна романтична врска, а не само за пријателство. Но, ако погледот им беше посветен на нозете или стапалата, тогаш тие коментираа дека нема да имаат ништо повеќе со таа личност отколку платонска врска.

Истражувачите, исто така, забележале суптилни разлики помеѓу ставовите на жените и мажите кога оценуваат некого како потенцијален партнер. Мажите почесто се фокусираат на женските гради и колковите, а жените на машккото торзо и глава.

ФОТО: Pexels

Заклучокот на истражувањето беше дека мажите ги проучуваат градите на жената и колковите, но и почесто и подолго време ќе гледаат во женското лице, доколку во неа го видат потенцијалот за романса. Жените ќе се фокусираат подолго и почесто на торзото и лицето на маж што го сакаат и би имале нешто повеќе од обично пријателство со него. Но, ако гледаат само во неговото лице, а погледот не им лута на градите, тогаш сè е во зоната на пријателство.

„Истражувањето за привлечноста кај луѓето обично претставува фиксен сет на карактеристики што го прават некој пожелен. Оваа студија покажува што бараат луѓето во иден партнер и зависи од нивните релативни животни цели“, вели Ангела Банс, коавтор на студијата и доцент на психологија на Универзитетот во Велесли.

Мажи:

  • Тие не ја тргаат насмевката од лицето кога се околу жена што навистина ја сакаат. Покрај тоа што ја заведуваат и шармираат на овој начин, тие исто така покажуваат колку се среќни во тој момент.
  • Понекогаш цртаат со ногата на подот додека разговараат со жена поради која нивното срце чука побрзо или тие се некако нестабилни. Едноставно е посилно од нив. Иако можеби не станува збор за класично заведување, тоа е премногу слатко за жените.
  • Ако мажот се обиде да заведе жена, тој ќе ги мавта рацете додека зборува повеќе од вообичаеното. Така, на некој начин тој несвесно се обидува да даде дополнителна важност на она што го кажува, тој сака да биде забележан.
  • Друг знак дека тој се обидува да го привлече вниманието на жената е со тоа што се преправа дека е важен. Ќе застане исправено за да изгледа посилен. Исто така, додека седи, ќе ги рашири нозете затоа што потсвесно верува дека тој изгледа помоќен, а неговата машкост е поизразена.
  • Тој ќе се бори со себе за да го задржи погледот на нејзините очи кога му се допаѓа некоја жена. Неговиот поглед ќе избега кон делови од нејзиното тело и ќе го врати нагло. Заведувањето изгледа слично, но тогаш неговиот поглед полека ќе поминува низ лицето и телото, а очите ќе бидат многу сјајни.

Жени:

  • Кога се близу до маж кој им се допаѓа, жените не знаејќи ги креваат веѓите и насмевката никогаш не го напушта нивното лице. Очите им се сјајни.
  • Играњето со косата е еден од најпрепознатливите знаци на заведување. За време на разговорот со маж, жените ја наведнуваат главата малку на страна, грабнуваат прамен коса и си играат со него со прстите. Тоа е сигурен знак дека тие само чекаат тој да го направи првиот чекор.
  • Во близина на мажот кој ќе „им фати око“, жените се нервозни, па затоа знаат да се смират играјќи со накит. На пример, ако играат со ѓердан, тие несвесно се обидуваат да го привлечат неговото внимание кон нивното деколте.
  • Жената на која ѝ се допаѓа маж ќе седи до него со вкрстени нозе додека нејзините прсти ќе се насочат кон него. Така, на некој начин таа сака тој да обрне внимание и на нозете.
  • Таа несвесно се потпира кон него затоа што сака да биде што е можно поблизу до него. Ако седат заедно на масата, нејзините раце ќе бидат што е можно поблиски до него, без да станат премногу сомнителни. Во суштина, таа ќе бара изговори за да биде многу близу до него или „случајно“ да го допре.
  • Жената што сака да привлече внимание на мажот, ќе се смее гласно, дури и ако не разговара со него, но тој е на другиот крај на собата.

Прочитајте и: Ова е една од најголемите грешки што луѓето ги прават во брак

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.