Принцовите Хари и Вилијам се движат во различни правци

Фото: Getty Images

Принцовите Хари и Вилијам презедоа уште еден чекор за да ги прекинат врските. Имено, тие беа задолжени за управување со хуманитарниот фонд на принцезата Дајана, кој беше основан по нејзината смрт. Парите беа официјално пренасочени кон кралскиот фонд и тие имаа право да управуваат со нив.

Двајцата беа активно вклучени во хуманитарна работа, но сега дојде моментот кога двајцата имаат сосема различни визии.

Принцот Хари остана без хуманитарен субјект во Велика Британија кога се откажа од титулата војвода од Сасекс, а со сопругата Меган сега се бори за финансиска независност и работи за Archewell.

За да го поддржи својот брат, принцот Вилијам одлучи двајцата да се согласат на начин да ги споделат парите што останаа како хуманитарно наследство во фондацијата на нивната мајка. Беше решено да се подели годишниот приход од фондацијата „Лејди Д“ подеднакво помеѓу двете хуманитарни организации. До минатата година, Фондот беше под покровителство на Сасекс и Кембриџ, но сè се смени по „Мегзит”.

https://www.instagram.com/p/B2bEgz2FVHY/?utm_source=ig_embed

Иако Фондацијата на принцезата Дајана повеќе не заработува активно, таа повремено добива значителен финансиски приход, што особено ќе биде добродојдено за Хари и Меган да ги стават своите намери за нов почеток во акција.

Вилијам и Кејт нема да дозволат семејството да се „распадне”.

Уште откако Хари и Меган го напуштија кралството, се појавија шпекулации за лошата врска меѓу браќата, што тие ги негираа уште од почетокот на годината.

„И покрај јасните негирања, лажна приказна се појави во британските медиуми денес шпекулирајќи за врската помеѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата кои толку многу се грижат за проблемите и прашањата поврзани со менталното здравје, ваквите обвинувања се навредливи, но исто така и потенцијално штетни“, се вели во соопштението, пренесува BBC.

https://www.instagram.com/p/B0vA-fQFQgb/?utm_source=ig_embed

Бидејќи тоа негирање не беше доволно за да се стави крај на извештаите во медиумите, Кејт и Вилијам ќе дадат поопипливи негирања, бидејќи планираат да ги посетат Хари и Меган во Америка кога ќе се смири ситуацијата со коронавирусот.

„Кејт и Вилијам одат на одмор во Лос Анџелес со децата за да ги видат Хари и Меган. Бидејќи тие беа затворени во рамките на „четири sида“ во последните неколку месеци, се тргнаа од кралските должности и ги едуцираат децата од дома, одморот е токму тоа што им треба“, откри извор близок до кралското семејство.

Прочитајте и: Нови детали од животот на кралското семејство: Кој вреска, кој плаче и кој го гледа сето тоа?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.