„Имаме секс 4 пати неделно, трошиме пари на себе и не сакаме бебе“: Оваа двојка не сака деца, а причината ќе ве шокира!

Шок!

Млада брачна двојка од Калифорнија открива зошто не сака деца – нивните ставови ги шокираат повозрасните генерации

Брачната двојка Тејлор (28) и Џастин Вас (27) од Калифорнија, кој е на директорска позиција во една ИТ-фирма, сметаат дека би било многу неодговорно во овој момент да добијат деца, а заедно се веќе шест години. Истакнуваат дека не сакаат да бидат очајни, бидејќи добивањето наследници изискува многу одрекувања, како и големи финансиски средства, а тие сега не се подготвени за такви жртви.

Од друга страна, откриваат дека имаат секс 4 пати неделно, навечер спијат мирно, викендите ги поминуваат релаксирано и редовно патуваат. Себеси се етикетирале како ДИНКС, што на англиски е кратенка за dual income no kids (двоен приход без деца).

Иако сметаат дека финансиската состојба го одредува и моментот на добивање потомство, сепак тие не штедат за тоа, туку за куќата што многу им се допаѓа. Исто така, Тејлор признава дека се плаши од промените што ги предизвикува детето во односот помеѓу сопружниците.

„Повеќето луѓе велат дека животот ти завршува кога ќе добиеш деца. Затоа ние не го сакаме тоа. Луѓето понекогаш ми набиваат грижа на совест кога ми велат дека биолошкиот часовник ми отчукува. Јас им велам – вие сте гневни поради последиците од вашите постапки, не сакам да бидам очајна како вас. Можеме да правиме што сакаме, кога сакаме и не сакам да се откажеме од тоа“, рекла Тејлор.

Таа започнала врска со Џастин уште додека биле на колеџ во 2017 година. Оттогаш се неразделни и никогаш не помислиле да се напуштат меѓусебно. Се венчале во јуни минатата година, меѓутоа воопшто не размислуваат за бебе.

„Изгубивме две години од животот поради ковид. И двајцата обожаваме да патуваме – тоа отсекогаш било основата на нашата врска. Сега светот повторно функционира, сакаме да ги посетиме сите места што ги имаме пропуштено“, објаснила таа.

Додава и дека детето моментално би им било само пречка во остварувањето на нивните планови и во исполнувањето на големите желби, со оглед на тоа што оваа година сакаат да ги посетат: Мексико, Колорадо, Јута, Тексас, Њујорк, Италија…

„Ретко ќе видите двојка што патува на Тахити со новороденче. Децата се комплетно зависни од родителите“, искрено кажала Тејлор.

И признава дека сè уште не е подготвена да стане мајка, туку сака и понатаму да ужива со својот сопруг. Верува дека тоа што сè уште немаат дете им помага да го задржат нивниот страстен однос.

„Кога ќе добиете деца, вашите викенди се готови, заборавете на вечерните излегувања, а интимноста потполно исчезнува. Навикнати сме да имаме редовен и многу возбудлив секс. Не сме подготвени финансиски и психички. Сè уште сакам да се забавувам и да поминувам време со мојот сопруг. Моментално навистина уживаме во тоа што сме млади и вљубени и не чувствуваме потреба да имаме деца во скоро време“, заклучила таа.

Советот на најстарата брачна двојка во светот е рецепт за долготрајна љубов
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.