И вие ќе поцрвените кога ќе ги прочитате зборовите на Џорџ Клуни упатени кон Амал!

Ова мора да е љубов!

Фото: Getty Images

„Ме прашувате какво е чувството да се биде господин и госпоѓа Клуни? Проклето добро!“

Во продолжение ви ги пренесуваме најубавите изјави што Џорџ Клуни некогаш ги дал за својата сопруга Амал…

1. „Брзо сфатив дека сакам остатокот од животот да го поминам со неа, но никогаш не разговаравме за тоа. Немаше: ’Еј, можеби треба да се венчаме?’ Всушност, буквално ја шокирав со просидбата, а таа непрестајно повторуваше: ’о, боже’ и ’вау’. Тогаш ѝ реков: ’Слушај, имам 52 години, клечам пред тебе 28 минути, така што морам да добијам одговор, инаку ќе си го повредам колкот. Можеби никогаш повеќе нема да можам да станам!’“

2. „Амал има одлично чувство за стил. Никогаш не користи услуги на стилисти, а сепак изгледа неверојатно. И покрај фактот што обично води 11 случаи истовремено! Таа е неверојатна жена!“

3. „Ја запознав личноста за која дефинитивно би го дал својот живот. Нејзиниот живот ми е поважен од мојот!“

4. „Таа е прекрасна личност, грижлива и попаметна од сите што досега сум ги сретнал. Има одлична смисла за хумор. Постојат неколку причини поради кои се вљубив во неа, а една од нив е и нејзината работа. Секогаш сум многу горд кога ќе ја видам како стои пред апелациониот суд во Стразбур. Импресивна глетка.“

5. „Амал, каква хемија нѐ спи, не би можел да бидам погорд што сум твој сопруг!“

6. „Секое прашање дома го решаваме со туркање на рака. Тоа е единствената моја шанса да победам, бидејќи сигурно ќе изгубам во интелектуална битка. Во нашето семејство, таа е паметната.“

7. „Ме прашувате како се чувствуваме како господин и госпоѓа Клуни? Проклето добро!“

Дали Џорџ Клуни навистина има вонбрачна ќерка: Еве ја вистината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.