Овошна торта: Јагоди, крем, мека коричка – совршен десерт!

Кремасто

Вистинско летно освежување во форма на прекрасна торта

Состојки:

За жолтата кора:

  • 4 жолчки
  • 100 г путер
  • 100 г шеќер
  • 130 г брашно
  • 5 лажици вода
  • 100 мл млеко
  • 1/2 прашок за печиво

За светлата кора:

  • 4 белки
  • 100 г шеќер
  • 1 полна лажица густин или брашно

За овошниот дел:

  • 600 г јагоди
  • 500 мл вода
  • 3 лажици шеќер
  • 2 пудинга од слатка павлака

За шлагот:

  • 200 мл слатка павлака или шлаг-крем
Приготвување:

Изматете путер со малку шеќер, додајте жолчки, брашно со прашок за печиво, вода и млеко. Сето тоа измешајте го и сипете го во подмачкан плех или на хартија за печење. Тепсијата најдобро е да биде со големина 30х25. Печете на 180 степени Целзиусови околу 25 минути.

Изматете ги белките со шеќерот, додајте густин, изедначете и печете на 170 степени Целзиусови околу 90 минути.

Кората мора добро да се исуши, како за пуслици. Во 500 мл вода додајте шеќер па кога ќе зоврие, додајте ги исчистените јагоди да вријат и зовријат до 1/3 од смесата, па ставете го пудингот. Оставете ја смесата да се олади малку.

Жолтата кора премачкајте ја со овошниот дел со јагоди, врз јагодите ставете изматен шлаг (можете да оставите малку за да ги премачкате и страните). Врз шлагот оди светлата кора. Врз светлата кора можете да наросите шеќер во прав. Колачот мора да преноќи добро да се олади и да ги впие соковите.

Торта со портокали и со лешници за 8 лица
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.