Како виното влијае на вашиот сексуален живот?

Две чаши ви се доволни за да целосно се опуштите и уживате...

Во неодамнешните студии спроведени од група лекари во Италија, откриено е дека луѓето кои консумираат една до две чаши црвено вино дневно имаат подобар и поисполнет сексуален живот…

Научниците од Универзитетот во Фиренца спровеле истражување на 800 испитаници на возраст од 18 до 50 години. Тие дошле до заклучок дека оние кои имаат навика секојдневно да консумираат мали количини (една до две чаши) црвено вино повеќе уживаат во сексот од оние кои не пијат. Ова е особено точно за жените.

Акцентот е ставен на истражувањето на сексуалниот апетит, оргазмот и задоволството што луѓето го пријавуваат за време на сексуалната активност. Интересно е што задоволството е поврзано и со количината на испиено вино…

  • Оние кои испиле две чаши црвено вино го оцениле квалитетот на својот интимен живот со просечни 27,3 поени.
  • Оние кои испиле само една чаша изјавиле просечна оцена 25,9 поени.
  • Меѓу оние кои никогаш не пијат вино просечната оцена на задоволство била 24,4 поени.

Водачот на тимот истражувачи, Др. Николо Мондиани на оваа тема рече: „Овој резултат се заснова и на историски факти, бидејќи дури и старите Грци знаеле дека врската помеѓу виното и сексуалноста е доста силна. Жените кои пијат вино умерено имаат подобар и посреќен сексуален живот. Тој аспект сè уште не е доволно истражен и треба да се направат дополнителни истражувања на оваа тема, за да се види дали навистина постои толку силна врска помеѓу виното и сексуалноста“.

Друг интересен податок кој е откриен преку ова истражување е дека постарите жени се позадоволни од својот сексуален живот отколку помладите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.