Пет хит идеи за летно преуредување на вашиот дом

Овој викенд резервирајте го за „makeover“ на дневната соба

Фото:  Fall for diy

Какви се плановите за Вашиот следен викенд? Ви предлагаме да одвоите едно попладне за да се дружите со Вашата креативност и да направите летен “makeover” на Вашата дневна соба. Без разлика дали ќе признаете или не, сите сакаме кога гостите ќе забележат некоја новост или ќе го пофалат нашиот дом, па во прилог погледнете неколку идеи за летно преуредување на просторот кои сигурно ќе бидат забележани.

1. Што може подобро да го нагласи летото од шарените бои? Земете неколку шарени волнени топки и претворете го зимското ќебе во пролетно. Процесот на изработка на хартија можете да го најдете на страната Paper & Stich, а она што Ви преостанува е само да ги одберете боите.

2. Откако ќе ги изработите волнените топки, сигурно ќе имате доволно волна за следниот декоративен детаљ. За него можете да користите глина или обичен тврд картон во боја. Откако ќе ја одберете волната и бојата на картонот, потребно е само со загреано лепило да ги споите двата елементи. Доколку се одлучите за работа со глина тогаш пронајдете ја идејата на Fall for diy.

3. Освежете го ѕидот со нови слики. Иницијали од Вашите имиња, летни детали и разни илустрации се моменталниот хит. Исто така можете и да испечатите бесплатни примероци од страната DIY JOY.

4. Пред да се одлучите за нови перници, обидете се да ги освежите старите со малку ткаенина. Сигурно дома имате стара роба со интересни декорации, а жал Ви е да ги фрлете. За овој проект потребни Ви се игла, конец и ножици со кои ќе го исечете обликот кој сакате да го зашиете перничето.

5. Секоја просторија дополнително ќе се освежи со малку зеленило и шарени цвеќиња. Зеленилото во собата дополнително истакнете го така што ќе ги обоите нивните саксии. За обични пластични саксии можете да употребите темперни бои или акрилни бои за да ги обоите. Оставете ги да се исушат, а потоа нацртајте им очи и насмевка. И тоа е тоа!

Фото:  Fall for diy.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.