„Сама ја реновирав куќата со сопругот и сега за неа велат дека е најубаво преуредена“: Сликите пред и потоа ќе ве остават без здив!

Прекрасно!

Овие сопружници целиот дом го реновирале потполно сами и така им станале инспирација на многумина, па често споделуваат видеа за уредување на домот на својот инстаграм-профил

Со доаѓањето на пролетта и на убавото време, многу луѓе посакуваат да променат нешто во својот дом. Некогаш доволно е да се заменат неколку ситници за комплетно да се освежи просторот. Експерти за реновирање се токму Бен и Беки, кои речиси сите проекти ги завршуваат сами. Домот што го наследиле од баба ѝ на Беки пред неколку години, одлучиле да го преуредат и создале неверојатна оаза на мирот.

Имено, комплетно го обновиле домот, а резултатите го воодушевиле целиот свет. Според странските медиумите, се смета дека ова е една од најубавите трансформации на станбен простор, за која заслужни се токму сопствениците.

Тие имаат неверојатни идеи што ги спроведуваат во дело и благодарение на нив, создале место за живеење како од бајките. Кога луѓето ќе ги погледнат сликите од стариот и новиот дом, остануваат без текст. Се воодушевуваат од резултатот и од фактот што Бен и Беки се заслужни за сето тоа, а не професионални мајстори.

Дневната соба била прва во редот. Изгледала како да е заробена во времето, а криела многу спомени.

„Ја обожавам оваа соба, тоа е прекрасна светла соба во која наутро блеска сонцето. Баба ми помина многу време во неа, читајќи и гледајќи како светот минува во оваа соба“, рекол Бен и додал дека морало да се освежи малку.


Им се допаѓало тоа што е пространа и светла, а ја претвориле во прекрасен простор каде што поминуваат најмногу време.

Планот за ходникот бил да се внесе малку повеќе светлина, како и да се стават ефектни плочки на подот.

Кујната била аголна, па решиле да срушат еден ѕид и да ја спојат со дневната соба за да добијат повеќе простор.

Ефектот што го постигнале е одличен! А кујната станала место каде што со задоволство ги приготвуваат омилените оброци и поминуваат прекрасни семејни мигови.

Старинската бања во бебешкосина боја блеснало во нов сјај, во комбинација на пудра-розова, бела и боја на дрво.


Со многу труд и работа добиле дом како од списание. Уживаат во секој негов дел, кој е беспрекорно уреден.

Преовладуваат пастелни и златна боја, а посебно место во куќата има стариот камин што го сочувале. Токму тој му дава специфичен шарм на целиот простор.

Како ви се допаѓа оваа трансформација?

Нашла стара селска куќа и ја претворила во рај на земјата за само 1.700 евра: Оваа самохрана мајка направила сè сама!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.