Живее во 8 квадрата: Кога ќе ја отвори вратата од својот стан, сите се шокираат! (ВИДЕО)

Верувале или не

Можеби живее во мал стан, но тој мал стан се наоѓа во срцето на Њујорк

Познат е фактот дека животот во Њујорк е многу скап. Не само што становите се изнајмуваат по безобразно високи цени, туку и самиот животен стандард е поскап одошто во другите градови, како што е храната и други неопходности.

За да се изборат со тоа, многу Њујорчани се принудени да ги гледаат работите на поинаков начин. Тие смислуваат уникатни начини да живеат во градот, а да немаат толкави трошоци.

Фелис Коен го пронашла најиновативниот начин да живее во Њујорк и сигурно не сте виделе ништо слично на нејзиниот метод.

Коен живее на Апер Вест во Њујорк и се наоѓа на само неколку чекори од најголемите атракции, како што е Централ парк и Линколн центар. Сигурно претпоставувате дека плаќа многу висока цена за кирија. Сепак, таа плаќа само 700 долари месечно за нејзината соба. Да, тоа за нас е многу, но за Њујорк, тоа е многу евтино.

Сепак, морала да се откаже од некои работи… Таа живее во стан од 8 квадратни метри! Тоа веројатно не е поголемо од вашата детска соба, но Коен некако успева целиот свој живот да го стави во оваа екстремно мала соба.

Таа е професионална организаторка, па така овој начин на живот е сосема нормален за неа.

Погледнете го нејзиниот стан во следново видео…

Во стан од 24 квадрати сместил 4 простории: Генијалното решение на овој човек ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.