Целиот дом ќе ви замириса на цимет: Пригответе ја оваа фантастична пита од јаболка!

Магија во кујната

Рецептот за оваа превкусна пита ни го откри Маргарита Гацева

Маргарита Гацева прави вистинска магија во кујната, а доказ за тоа е оваа пита од јаболка, но и сите други нејзини рецепти што можете да ги најдете на инстаграм-профилот @the.magicbean. Разгледајте ги и пробајте нешто вкусно!

Состојки:
  • 200 г брашно (по потреба и повеќе)
  • 100 г маргарин
  • 1/2 пакетче сув квасец
  • 1/2 филџан млеко
  • 1 голема лажица сончогледово масло
  • 40 г шеќер
  • 1 јајце
  • 1 пакетче ванилин шеќер

За филот:

  • 5-6 јаболка
  • 2 големи лажици шеќер (бел/кафен)
  • 1 мало лажиче мелен цимет

За крцкавиот топинг:

  • 100 г брашно
  • 70 г шеќер
  • 30 г маргарин

 

Приготвување:

1. Во длабок сад ги комбинираме брашното, квасецот, шеќерот и ванилиниот шеќер, па размешуваме.

2. Maргаринот го сечеме на коцки и го додаваме во садот со брашното и шеќерот. Со раце ја мешаме смесата и постепено ги додаваме преостанатите состојки (млеко, масло, јајце).

3. Замесуваме тесто. Доколку е многу лепливо, по потреба додаваме уште брашно. Тестото го оставаме да се одмори 10-15 минути.

4. Во меѓувреме ги лупиме јаболката и ги сечеме на парчиња по желба. Во длабок сад ги додаваме излупените и исечени јаболка, шеќерот и циметот и размешуваме.

5. Тавата во која ќе ја печеме питата ја намрсуваме со маргарин. Тестото го расукуваме и го формираме според формата на тавата. Врз формираното тесто ги редиме парчињата јаболка.

6. Во друг сад ги ставаме состојките за крцкавиот топинг и ги размешуваме со рака додека добиеме трошки. Трошките ги наросуваме врз наредените јаболка.

7. Печеме во загреана рерна на 200˚Ц, 30 минути. Откако ќе поминат 30 минути ја исклучуваме рерната и ја оставаме питата да постои уште 10 минути (во исклучена рерна). Послужуваме со сечкани ореви и топка сладолед. Добар апетит!

Извор: Добра храна

Волшебен зимски десерт: Меки мафини со тиква и со зачини што ќе ви го освојат срцето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.