Во стан од 24 квадрати сместил 4 простории: Генијалното решение на овој човек ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Феноменално!

Феноменално решение за мали простории

Кога имате мал простор неопходно е да бидете креативни. Со малку креативност, возможно е стан од 24 квадрати да се сместат спална соба, кујна, бања и работен простор.

Овој човек направил функционален стан од гарсониера. Никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалната искористеност на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе се уверите во тоа кога ќе го погледнете видеото.

Кога ќе влезете во станот, на прв поглед се чини дека има само дневна соба и кујна, но кога ќе се помести параванот, ќе видите дека зад него се крие мала спална соба со брачен кревет и со гардеробер.

Белите ѕидови, како и мебелот и кујнските елементи во светли нијанси создаваат илузија на поголем простор, а работната маса, по потреба се претвора во трпезариска.

Бањата се наоѓа помеѓу кујната и спалната соба. За да изгледа визуелно поголема, човекот искористил големо огледало.

Во видеото погледнете како изгледа целиот стан…

Купил стан од 50 квадрати на последниот кат: Кога видел што се крие на покривот, останал без здив! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.