СOВЕТИ: Изберете тепих за трпезаријата

Еве како!

Комбинирањето на практичната и естетската страна во трпезаријата не е секогаш лесна задача.

За да го направиме тоа барем малку поедноставно, ви подготвивме водич за избор на тепих за оваа просторија.

ТЕПИХОТ МОРА ДА БИДЕ ДОВОЛНО ГОЛЕМ

Важноста на соодветните димензии и облици на теписите многупати ја сме ја нагласиле во различни теми за кои сме пишувале, но не е лошо да повториме уште еднаш: тепихот во трпезаријата треба да биде доволно голем за да стои на него целиот трпезариски сет.

Во спротивно, подобро е да не го поставувате. За да се исполни горенаведениот услов, неопходно е помеѓу димензиите на масата и тепихот да има разлика од најмалку 60 см од секоја страна на масата. Ако оваа разлика е поголема – уште подобро, бидејќи големината на тепихот треба да се гледа и во однос на остатокот од просторијата.

Еве како со сигурност да ги одредите минималните димензии што ви се потребни: измерете ги димензиите на масата, додајте 60 см од секоја страна и означете ги добиените мерки со креп-лента на подот, на местото каде што треба да стои тепихот. Така ќе видите дали измерената големина е доволна во однос на остатокот од просторијата.

Ако имате многу простор помеѓу тепихот, ѕидот, комодата и другите елементи околу трпезаријата, препорачливо е да се одлучите за тепих поголем од измерениот.

РАМНО ТКАЕЊЕ

Тепихот во трпезаријата неизбежно ќе биде изложен на дамки од храна и пијалаци, па затоа е важно тој да биде што поедноставен за одржување. Во овој поглед, ние ви препорачуваме да ги заобиколувате богатите теписи со долги влакна. Наместо тоа, определете се за модел со рамно ткаење, кој е многу полесно да се исчисти.

ТЕПИХОТ КАКО ПОЧЕТНА ТОЧКА ПРИ УРЕДУВАЊЕТО

Во трпезаријата обично нема многу елементи, така што тепихот е еден од деталите што може да му дадат печат на целиот простор. Всушност, одличен начин да постигнете одреден стил и атмосфера е уредувањето на трпезаријата да го почнете токму од него.

Кога ќе го одберете тепихот, веќе имате дефиниран стил и боја што треба само да ги следите со другите елементи. Ако станува збор за многу голем и впечатлив тепих, ви препорачуваме сите други елементи во трпезаријата да бидат скромни и ненаметливи.

ДОБАР ИЗБОР НА МАТЕРИЈАЛ

За просториите во кои тепихот ќе биде изложен на дамки, препорачливо е да изберете модел направен од природни материјали, како што се памук и волна, бидејќи тие се многу полесни за чистење отколку синтетичките влакна. Исклучок се теписите од вештачки материјали што се наменети за надворешен и внатрешен простор, бидејќи уште при производството се третирани да бидат многу отпорни на дамки, како и на грубо чистење.

ПРИСПОСОБЕН НА ОБЛИКОТ НА ПРОСТОРИЈАТА

Слично како и со димензиите, обликот на тепихот исто така треба да биде приспособен на обликот на масата, како и на обликот на просторијата – или делот од просторијата наменет за трпезаријата, доколку станува збор за отворен простор. Следејќи го обликот на просторот, тепихот ќе придонесе за хармоничен амбиент во вашата трпезарија.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ СВЕТЛИ НИЈАНСИ

Ако планирате секојдневно да ја користите трпезаријата како место за јадење, препорачливо е да се одлучите за тепих во некоја потемна нијанса. На светол тепих секоја нечистотија многу ќе биде видлива, така што ќе имате многу работа за негово одржување. Светол тепих е прифатлива опција само ако трпезаријата се користи како место за јадење само во посебни пригоди.

Текст и фото: Homestyle

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.