Како да се препознаат симптомите на длабоката венска тромбоза?

Органи што се најзагрозени се срцето, мозокот и белите дробови…

Во медицинска смисла, тромбозата подразбира доживотен процес на коагулација на крв, при што се формира згрутчување (тромб) во васкуларниот систем и крвните садови, односно во срцето.

Тромбот најчесто се формира во вените на нозете – потколениците, бутовите или вените на ципите.

Д-димерот е дијагностички метод со кој се докажува протеинот што е произведен од згрутчување на крвта, а неговите покачени или многу високи вредности се знак за потешки случаи на длабока венска тромбоза. Токму овој метод, заедно со другите процедури и прегледи, сега се користи и кај заболените од ковид-19.

Зголемените вредности на Д-димерите наедно се најопасната компликација кај пациенти со длабока венска тромбоза. А кога тромбот ќе се одвои од вената и ќе тргне, неговиот пат оди до белодробните вени и води до тромбоемболизам. Органите што се најзагрозени се срцето, мозокот и белите дробови.

Фактори на ризик за длабока венска тромбоза се возраста, долгото седење, повреда или операција, хормонални состојби, пушење, карцином, воспалителни болести, генетиката односно позитивна лична и семејна историја.

Како да се препознаат симптомите на длабоката венска тромбоза?

Оток на нозете, болка во нозете (грчеви во листовите), црвенило на кожата, чувство на топлина… Иако овие се знаци и на инфекција, не станува збор за инфективен агенс, туку за тромб што се формирал во вената/вените и предизвикува длабока венска тромбоза.

Дијагнозата се поставува врз основа на Д-димерите, колор доплер на крвните садови на нозете, т.е. ултразвук, скенерска пулмоангиографија и магнетна резонанца кога постои сомневање за венска тромбоза во абдоминалната област. Покрај овие високодијагностички методи, кај луѓето што  имаат некакво заболување на коагулација (згрутчување) на крвта важно е да се одреди бројот на тромбоцитите.

Лекувањето вклучува хепарин, тромболитици, филтри за вена кава, компресивни чорапи.

Кога ќе ги препознаете овие симптоми кај себе, консултирајте се со васкуларен хирург и хематолог.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.