Креативни идеи за уредување на дворот

Оаза на мирот во вашиот дом

Фото: Фејсбук

Дворот и градината не секогаш мора да изгледаат еднолично и монотоно, исклучиво со трева и неколку цветчиња. Постојат безброј начини како брзо, лесно и едноставно вашиот двор да го претворите во природен рај. Освен врз цвеќињата, обратете големо внимание на уредување на стазите, декорациите со камен, како и местото каде што ќе седите.

Најпрво, скицираје го домот и контурите на вашиот двор, па заедно со сите тераси, патеки и тревни површини испланирајте го до најситен детал. Размислете и за неколку консултации со стручни лица кои за многу брзо време ќе ја поедностават работата.

Фото: Фејсбук

Започнете со ситен камен, бетонски плочки или излиен бетон за најголемите стази. Избегнувајте го обработениот, мазен камен затоа што во комбинација со вода не е баш најдобар избор. Секогаш одбирајте природни форми и големини од кои лесно ќе создадете прекрасни мозаици.

Опремете ја терасата со сламена гарнитура за седење и со по некое столче. Пронајдете квалитетен мебел кој нема да се распадне од влага по само едно лето. Додајте некоја штосна масичка која може да ја изработите и самите од вишокот палети или даски на кои сè уште не им најдовте намена.

Додајте воден елемент кој ќе ја разлади атмосферата. Дали ќе купите готова мини-фонтана со необичен облик или пак самите ќе ја изѕидате од природен камен, изборот е ваш.

Фото: Фејсбук

Мора да запаметите дека бујната зелена трева е почетокот на средениот двор. Секогаш одржувајте ја во најдобар ред, наводнувајте ја кога ќе подзалади и еднаш на барем 7 до 8 недели косете ја.

Измислете некој облик и распоред за ниските цветчиња, некое ќоше за шарен ползавец, поголемите грмушести растенија добро распределете ги за да не ги покриваат помалите цветови… Направете целокупен план, па дури тогаш започнете со садење и пресадување. Инвестирајте во неколку годишни растенија, но и не ги заборавајте шарените едногодишни чие семе повторно ќе може да го искористите следното лето.

Фото: Фејсбук

Украсни, декоративни и овошни дрвца можете да најдете во „Гарден центар Левидиа“ каде што има секаков вид на саден материјал, а ќе добиете и стручен совет и обука за понатамошното одгледување на растенијата. Стационирани се на улица 20, број 32/6 ( Скопје Качаначки пат), Визбегово, Чучер Сандево, а повеќе информации можете да добиете на 026147659.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.