5 најубави зимски собни билки: Цутат раскошно, лесно се негуваат и му успеваат буквално секому!

Совршена зимска декорација

На ова цвеќе не му пречат ниските температури

Овие прекрасни зимски билки ќе ви го развеселат ентериерот и ќе стават вистински светол акцент во текот на студената сезона. Ви претставуваме популарни зимски билки кои релативно лесно се негуваат, достапни се во секоја цвеќарница и цутат во текот на целата зима.

Циклама

Импресивните циклами се многу популарни и добро познати како вид цвеќе што цути во зима. Цветовите имаат посебен облик. Нивните ливчиња на дното се споени и на врвот се одвојуваат едно од друго. Тие обично се свиткани, а нивните рабови може да бидат мазни, запчести или брановидни. Најчестите бои се розова, виолетова, темноцрвена и бела. Исто така, листовите на билката се многу оригинални – имаат форма на бубрег или срце и покриени се со деликатни, мраморни шари.

Африканска темјанушка

Африканската темјанушка е една од најпопуларните собни билки. Билката обично достигнува висина до 25 см. Нејзините листови се меснати и имаат темнозелена боја. Цвеќето може да изгледа различно – постојат сорти со полни, полу-двојни и поединечни цветови. Најпопуларни бои се сина и виолетова, но може да најдете и розови, бели и бордо сорти.

Орхидеја

Милтонија е многу декоративна орхидеја со зелени листови и прекрасни цветови. Оваа орхидеја најчесто е достапна со бели или темноцрвени и жолти цветови, меѓутоа секоја билка има своја посебна боја и шара на цветовите. Милтониите не се само прекрасна декорација на ентериерот, туку го исполнуваат просторот и со опоен, убав мирис.

Антуриум

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ASB (@photosyntheca)


Антуриумот е многу убава и елегантна билка. Најчесто се одгледува како изрезано цвеќе, но исто така стана многу популарна и како собна билка. Меѓутоа, ова дефинитивно не е билка за почетници, бидејќи не е лесно да се одгледува. Билката има форма на срце, црвена е и сјајна. Можете да најдете и видови во портокалова, розова и бела боја со црвенкав или жолт прелив.

Божиќна ѕвезда

Божиќната ѕвезда цути во текот на целата зима, исклучително е импресивна и е вистински украс за божиќниот декор. Се појавува во богата палета на бои. Може да биде црвена, бела, кремава, жолта, розова и во нијанса на кајсија.

Поради овие грешки собното цвеќе брзо ви венее иако редовно го полевате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.