Ѕирнете во спектакуларната вила на популарната пејачка Алиша Кис која вреди 20 милиони долари (ФОТО)

Гламурозно!

Вилата која била инспирирана од изгледот на куќата од Iron Man, The Razor House, продадена е по цена од 20.8 милиони долари пред само неколку денови, а истовремено станала и најскапата вила во раскошниот La Jolla дел од Калифорнија.

Неверојатен имот на карпите, со поглед кон океанот кој го осмислил славниот архитект Валас Е. Кунингхам, а таа иницијално е ставена на продажба по цена од 30 милиони долари минатото лето. Новиот сопственик на вилата е пејачката Алиша Кис.

Модерниот дом кој може да се види во галеријата изграден е од бел полиран бетон, со функционални елементи од челик и ѕидови од стакло, кои се комбинирани во интересен распоред и во целост даваат беспрекорен панорамски поглед на Пацификот и прекрасен пејзаж кон околината.

Резиденцијата е опремена со врвен систем на автоматизација кој ви дозволува со далечинско да управувате речиси сè. Греењето и енергијата мора да нагласиме дека во овој дом доаѓаат со интересни опции со резервен генератор во случај на снемување на струја.

Главната вила има околу 1.000 метри квадратни со два мастер апартмани, две спални соби, четири бањи и два тоалети, две сауни со тушеви, целосно опремена теретана, спа центар и простор за правење скара на отворено. Тука секако дека има и одвоена куќа за гости од околу 100 квадрати која нуди две спални соби и два тоалети.

Фото: Пинтерест
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.