Најубавата куќа во Њујорк е во сопственост на Ралф Лорен: Вака изгледа тоа кога некој има пари и стил! (ВИДЕО)

Неверојатно

Погледнете го овој луксуз!

Ралф Лорен е сопственик на империја, во вистинска смисла на зборот. Тој е семеен човек, кој никогаш немал проблем да најде некој нов проект и секој од нив му носел уште поголема заработка и задоволство.

Рики му е најголема поддршка на славниот дизајнер Ралф Лорен повеќе од 50 години. Се запознале во 1964 години во офталмолошка канцеларија, каде што таа работела како секретарка.

Токму во тој период тој се вратил од војска, каде што поминал две години. Велат дека тоа било љубов на прв поглед, а Ралф толку бил маѓепсан од неа што истиот ден кога ја запознал, ја поканил на рандеву. На негова среќа, таа се согласила и набрзо започнале врска, а шест месеци подоцна се венчале.

Таа е неговата муза и сè што правел во животот, го правел за и двајцата да се гордеат со успехот.

Кога Лорен почнал да се занимава со мода, Америка била премногу свртена кон масовно производство, но наместо да се приспособи на условите, Лорен се позанимавал со својата визија.

„Се прашував зошто луѓето што сакаат добра облека мора да одат во Европа и да купуваат европски брендови. Сакав да покажам дека возможно е да се направи еднакво добра американска облека“, изјавил Лорен и открил дека очите на целиот моден свет тогаш биле вперени во Европа, следејќи ги новостите и барајќи го вистинскиот пат што треба да се следи.

„Секогаш сум бил инспириран од Америка. Го обожавав шминкерскиот Источен брег, функционалноста на каубојските износени фармерки, американската народна уметност, гламурот на Холивуд и богатата култура на индијанските мајсторски умови. Тоа секогаш беше пред нас, на улиците во малите и големите градови, во начинот на живот на нашите луѓе“, раскажал Лорен.

Тој во текот на целата своја кариера им останал верен на своите извори на инспирација, кои ги нарекува свои стандарди.

„Сè што имам создадено е дел од она што сум го сонувал. Тоа е мојот одговор на дразбите од светот што го сакам, светот на црно-белите филмови, на Кенеди, Синатра, моето прво патување во Санта Фе…Само го надградував тоа и го вратив назад во живот“, открил Лорен, кому непоколебливата доследност во сопствената визија и лојалност кон стандардите му го донеле еден од најмоќните и највредните брендови, односно компанијата што успешно работи повеќе од 50 години.

Пред повеќе од три децении, тој започнал со производство на мебел и детали за домот, кои денес се еден од најпродаваните сегменти во неговиот бизнис.

Инспириран од Њујорк, каде што живее, Хемптонс што го обожава, но и од руралните краишта како Колорадо, каде што поседува огромен ранч, како и од куќата на Јамајка, тој успева да создаде дизајн што предизвикува восхит.

Од неколкуте негови луксузни недвижнини, една особено се издвојува. Тоа е куќата во Њујорк. Погледнете зошто во следново видео…

Ѕирнете во новиот раскошен дом на Адел вреден 58 милиони долари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.