Универзално тесто – за сè што ќе посакате!

За сите љубители на слатки и солени печива, ова е одличен рецепт за тесто, кое може да стои во фрижидер една недела и од кое можете да направите супер кифлички, меки панцероти, лепчиња …

Состојки:
1 кг брашно
1 кесичка прашок за печиво
2 лажички сол
2 лажички шеќер
250 мл млеко
50 г квасец, свеж
300 мл јогурт
3 јајца
100 мл масло

Приготвување:

 

Прво измешајте го квасецот и една лажичка шеќер во млако млеко и оставете го на топло да почне да расте.

Помешајте ги сите суви состојки во голем сад за матење, додајте ги квасецот и течните состојки и со црпалка замесете меко тест.

Ставете го тестото во најлонска кеса, која претходно сте ја намачкале со масло. Потоа, ставете ја кесичката во сад, покријте ја и оставете ја во фрижидер преку ноќ, пред употреба.

Може да остане во фрижидер до седум дена, така што не мора да ја користите целата количина одеднаш.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.