Солена кошница: Пробајте го ова предјадење за паметење!

Добра храна

Оваа солена кошница ќе послужи како одличен украс за вашата трпеза

Состојки:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 лажиче шеќер
  • 30 г свеж квасец
  • 50 г пармезан
  • 80 мл маслиново масло
  • 2 жолчки
  • 100 мл млеко
  • 150 г кисело млеко
  • 250 г моцарела
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам
  • сол

Приготвување:

1. Во млако млеко се матат издробениот квасец и по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, па се прекрива и се остава на топло, да нарасне.

2. Во сад се меша половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со пармезанот и малку сол. Се додаваат нараснатиот квасец, киселото млеко, маслиновото масло и жолчките, па добро се меша. Постепено се додава остатокот од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава да нарасне.

3. Нараснатото тесто се премесува и се дели на помали топчиња. Се оставаат да одморат десетина минути, па секоја топка малку се сука и во неа се втиснува крукче моцарела. Со краевите на тестото се прекрива сирењето, па топчињата се превртуваат така што краевите ќе бидат свртени надолу.

4. Тркалезен плех се обложува со хартија за печење и во него се редат полнетите топчиња едно до друго. Се оставаат да нараснат додека се загрее рерната на 200°Ц.

5. Потоа се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Се печат додека порумени тестото.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.