Рецепт за париско печиво: Ова се највкусните полнети кифли на светот!

Мора да пробате!

Феноменална ужина за на работа или на училиште

Состојки:
  • 500 г просеано меко брашно
  • 1 сув квасец
  • 3-4 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 децилитри топло млеко
  • 1 јајце
  • 100 г путер за премачкување

Фил по желба:

  • чоколаден крем, џем, пудинг
Приготвување:

Од наведените состојки (освен од путерот) замесете поцврсто тесто, но не премногу. Замесеното тесто премачкајте го со масло од сите страни, покријте го со целофан и оставете го да отстои за да нарасне дупло. Ако за филот сте одбрале пудинг, сварете го погусто (со помалку млеко).

Намрсете ја работната површина и истресете го тестото, па добро развлечете го со сукало. Со прсти насекаде премачкајте го тестото со омекнатиот путер (не треба да биде стопен). Потоа, почнете да го преклопувате тестото, за на крајот да биде како лиснато – префрлете една третина тесто, премачкајте ја со путер, па префрлете го и другиот крај, па и него премачкајте го со путер. Уште еднаш преклопете го тестото, така што да биде со големина што му дозволува да се врати во садот каде што сте го меселе.

Покријте го повторно со алу-фолија и оставете го да нарасне уште еднаш. Потоа, повторно развлечете го со сукало во голем правоаголник, па со нож поделете го на помали правоаголници со посакуваната големина. Секој од нив засечете го неколку пати до пола, за да се добие поубав изглед кога ќе се завиткаат.

Незасечените делови намачкајте ги со фил по желба (може и комбинација од два различни), па почнете да ги виткате. Важно е со првото преклопување на тестото врз филот, да го потапкате малку со прсти за да се залепи тестото и добро да го задржи филот, а потоа виткајте го кон засечените делови.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна загреана на 180 степени 15-20 минути.

Печените кифли наросете ги со шеќер во прав и уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.