Основниот рецепт за најмеки уштипци: Тестото е меко, воопшто не впива масло, а може да се јаде и утредента!

Пробајте

Уштипците се најубавиот потсетник на зимските утра. Нема посовршен појадок од овој, бидејќи може да биде и благ и солен

Постои едноставен трик што можете да го испробате за уштипците да не впиваат многу масло. Пригответе ги вака и не грижете се за тоа:

Состојки:
  • 250 мл кисело млеко
  • 4 јајца
  • 12 лажици бело брашно
  • 10 г прашок за печиво
  • 2 дл масло
Приготвување:

Изматете јајца оладени на собна температура и измешајте ги со киселото млеко. Добро промешајте, па во јајцата со кисело млеко постепено додавајте брашно, лажица по лажица и прашок за печиво. Оставете ја смесата да отстои околу 10 минути и промешајте.

Загрејте масло во подлабок сад или во тенџере. Маслото мора да биде врело за уштипците да не го впијат маслото.

Со лажица вадете уштипци од смесата и пржете ги додека позлатат. Во садот не смее да има многу уштипци одеднаш, за да не се снижи температурата на маслото.

Најбрзите уштипци, меки како душа: Им нема рамни, а ви требаат само 4 состојки! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.