Најбрзите уштипци, меки како душа: Им нема рамни, а ви требаат само 4 состојки! (ВИДЕО)

Совршенство од вкусови

Уштипците се одлични за брз појадок или вечера, а децата ги обожаваат

Ако ве мрзи да готвите нешто комплицирано, а сакате вкусен и брз појадок, уштипците се идеално решение.

Ви требаат 4 состојки што ги мешате, вадите од смесата со лажица и на крајот, сипувате во загреано масло. Врелите уштипци се одлични ако ги послужите со кајмак или домати, но и со домашен џем. Јогуртот е задолжителна состојка, бидејќи ги прави меки и вкусни.

Состојки:
  • 4 јајца
  • 500 мл јогурт
  • 500 г брашно
  • 10 г прашок за печиво
Приготвување:
  • Јајцата се матат со јогуртот, па се додаваат брашно и прашок за печиво.
  • Се соедина смесата со жица и со лажица се вади од смесата и се сипува во загреано масло.
  • Се ставаат на салвета, да се исцедат малку.

Погледнете го видеото за подетални упатства!

Стар рецепт за најмеките уштипци: Воопшто не впиваат масло!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.