Бабурчиња полнети со зелка: Највкусната туршија што некогаш сте ја пробале!

Најдобриот старински рецепт без хемии

Задолжително запишете го овој рецепт, бидејќи еднаш кога ќе го пробате, постојано ќе го приготвувате

Почнува сезоната на правење зимница, а ние ви предлагаме старински рецепт за бабурчиња полнети со зелка што ќе ве воодушеви! Се приготвува многу лесно, нема да ве чини многу, а ќе имате вкусен и здрав додаток за време на студените денови.

Состојки:
  • 5 кг бабурчиња
  • 2 главици зелка
  • бибер во зрно
  • лавров лист

За преливот:

  • 3 л вода
  • 1 л оцет
  • 150 г сол
  • 200 г шеќер
Приготвување:

Измијте ги пиперките и исчистете ги од семките. Потоа, исечкајте ја или изрендајте ја зелката, па посолете ја, измешајте и оставете малку да отстои.

Добро исцедете ја, полнете ги пиперките, а потоа редете ги во тегла. Помеѓу ставајте бибер и лавров лист.

Сипете вода, оцет, сол и шеќер во тенџере и направете сируп. Почекајте да зоврие и прелејте ги пиперките со него.

Шарена туршија: Највкусната салата полна со здравје и витамини!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.