Ова мора да го пробате: АВОКАДО за убавина и младост

Рецепти

Ниту едно друго овошје или јаткаст плод не содржи толку многу моќен антиоксидант витамин Е како авокадото. Затоа овој плод го сметаат за една од најдобрите намирници за зачувување на младоста и убавината. Ви предлагаме неколку рецепти со авокадо.

Дали знаете дека авокадото многумина го нарекуваат суперхрана? Да, ова зеленикаво тропско овошје, освен што ги продолжува младоста и убавината, добро е за срцето, благотворно дејствува на очите, многу е хранливо (содржи речиси 20 витамини, минерали и корисни растителни соединенија), помага да се спречи појава на рак и има многу други предности.

Добро се комбинира со други намирници и е одлично како основа за многу јадења, не само со сосови и различни преливи туку совршено оди и со главните јадења, како што се рибните топчиња.

Во текот на летото е погодно за салати, а може да се користи и за приготвување разни кашести сокови и десерти.

ЛАДНА СУПА

Ова јадење е одлично во деновите на детоксикација (чистење на организмот).

За една порција:

* 2 зрели авокада

* 1 долга или 3-4 мали свежи краставици

* 2 чешниња лук

* 0,5 л ладна супа од зеленчук

* сок од 2 лимети

* сол и црн пипер

* една китка коријандер

Состојките сомелете ги во миксер за сѐ да се измеша убаво. Во готовата смеса додајте го сокот од лимета. Посолете и измешајте.

САЛАТА СО НЕКТАРИНИ

Едноставна но вкусна летна салата. Толку е благодарна што можете да им ја послужите и на гости. Потребни се само пет минути за да се приготви. Оваа салата одлично оди со сите видови месо, особено со пилешко на скара.

За четири порции:

* околу 100 г од која било зелена салата

* 1/2 главица црвен кромид (може да се замени со бел дел од млад кромид)

* 2 нектарини

* 1 авокадо

* 1 слатка пиперка

* 1 голем морков

* 2 лажици сусам

* 2 лажици маслиново масло

* 1 лажиче бел вински оцет или кој било оцет од бобинки

* сол и црн пипер

Ситно исечкајте ги зелената салата, кромидот, пиперката и авокадото. Нектарините поделете го на резанки, а морковот исечете го на тенки полукругови. Посебно измешајте го маслото со оцетот, сусамот, солта и биберот, па зачинете ја салатата со приготвениот сос.

САЛАТА СО ЗЕЛКА

 

За две порции:

* млади листови зелена салата

* 1 авокадо

* 1/8 главица зелка

* зрна од половина голема калинка (по желба)

* 2 дланки исчистени семки од сончоглед

* маслиново масло

* сол и свежо мелен биберАвокадото и зелката исечкајте ги и измешајте ги со листовите салата. Исечете ја калинката на половина, извадете ги зрната и посипете ги врз салатата (истовремено зачинете ја со сокот од калинка). Измешајте и додајте масло. Посолете, забиберете и посипете ги семките.

КАШЕСТ СОК ОД ЗЕЛЕНЧУК

Кашестиот сок  е најдобриот и најбрз појадок. Лете користете свеж зеленчук, а зиме замрзнат. Тој ги отстранува токсините од телото и обезбедува убавина и младост.

Мешајте во миксер додека се соедини сѐ:

* 3 стебленца целер

* 100 г листови спанаќ

* 1 големо јаболко (исчистено од семките)

* 1 авокадо

* 300 мл вода

Има многу варијации. Наместо јаболко, можете да ставите круша или диња, а спанаќот можете да го замените со какви било зачински билки: магдонос, коријандер, босилек, нане.

Текст: Б. Стојменовиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.