Обвинителството поднесе пријава против фронтменот на „Рамштајн“: Повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување!

Страшно...

Обвинителството во Берлин покрена истрага против фронтменот на бендот „Рамштајн“, Тил Линдеман откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.

Менаџерот на пејачот се уште се нема огласено, а Тил неодамна изјави дека сите овие обвинувања се лажни.

На крајот на минатиот месец Шелби Лин објавила дека Алена Макеева, која се претставила како кастинг директорка, ја повикала во ВИП делот на концертот на Рамштајн во Литванија. Шелби тврди дека после концертот ја однела позади бината, каде и пришол Линдеман кој и предложил да имаат секс. Откако таа го одбила, тој бесно реагирал.

Шелби исто така навела дека откако се напила пијалок се почуствувала дрогирано, но подоцна објавила дека тестот за урина не покажал никакви знаци на интоксикација.

„Би сакала да разјаснам. Тил не ме допираше. Прифати дека не сакам да имам секс со него. Никогаш не тврдев дека ме силувал“ – рекла таа.
После неа се јавиле уште неколку жени. Една од нив се претставила како Каја Р. рекла дека во 2019 година, по концертот на Рамштајн во Виена, некој ја повикал на забава.

Како што истакнала, „многу испила и се онесвестила“.

Рекла дека го видла Линдеман над неа кога се разбудила и дека сфатила дека ја силувал.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.