Ручек за денес: Кремасто пилешко со морков кое се готви речиси само, а вкусот е феноменален!

Мора да го пробате!

Вака приготвеното пилешко месо ќе стане вашиот омилен ручек

Кога немате идеја што да приготвите, пилешкото месо секогаш е добро решение. Сигурно досега сте го приготвувале на разни начини, сте го похувале, сте го печеле на скара… Пробајте го и овој рецепт за бело месо во кремлив сос и нема да се покаете! Колку што има месо толку моркови се додаваат. Навистина е сочно и се топи во уста. Послужете го со пире од компир.

Состојки:
  • 600 г пилешко филе
  • 600 г моркови
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • околу 700 мл бујон
  • 1 лавров лист
  • магдонос
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 250 мл павлака за готвење
Приготвување:

Исечкајте го месото на ленти или коцки, па посолете го и забиберите го. Кратко пропржете го, па извадете го од тавче. Во истото тавче ставете сечкан кромид и лук, па кога ќе се пропржат малку, додајте морков исечкан на крукчиња. Сипете бујон и зачини. Гответе додека омекне морковот, па сипете ја павлаката за готвење. Промешајте и вратете го месото. Зачинете уште малку ако е потребно и гответе уште десетина минути.

Ручек за денес: Кускус со пилешко месо – вкусно традиционално јадење од Тунис!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.