Ручек за денес: Кускус со пилешко месо – вкусно традиционално јадење од Тунис!

Вкусно и здраво

Кускусот се состои од ситни гранули на дурум-пченица, кај нас може да се најде во речиси сите продавници за здрава храна

Јадењето што ви го предлагаме се приготвува лесно и брзо, а може да биде вистинско освежување на семејната трпеза.

Состојки:
  • 200 г кускус
  • 4 пилешки батаци со карабатак
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 коцка за супа
  • магдонос
  • сол, бибер
Приготвување:

Растворете коцка за супа во 700 мл вода и прелејте го кускусот, потоа поклопете го за да се натопи.

Во тавче на малку масло пропржете го пилешкото месо додека зарумени, потоа извадете го месото и пропржете ситно сечкани кромид и лук.

Додајте го кускусот во динстаниот зеленчук, зачинете со бибер и добро измешајте со виљушка.

Префрлете го во сад за печење, прелејте го со 200 мл од супата во која бил потопен кускусот и наредете пилешко врз него.

Покријте со фолија и печете во рерна загреана на 180 степени уште 20-тина минути. По желба, послужете го јадењето посипано со свеж магдонос.

Добар апетит!

Ручек за денес: Алзашки лонец – превкусно јадење од рерна што може и да се подгрева!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.