Рецепт за вистинските љубители на вкусното залаче: Гурманска „штрудла“

За 5 лица

За приготвување на овој вкусен рецепт ќе ви бидат потребни 30 минути, а за печење околу 1 час. Добар апетит!

Штрудлата можете да ја приготвите еден ден претходно, а до печењето да ја оставите во фрижидер.

Состојки:

  • 900 г мисиркино бело месо
  • 2 јајца
  • 180 г сирење трапист
  • 1 црвен кромид
  • 2 резанки леб
  • 150 мл млеко
  • 3 лажици лебни трошки
  • 1 лажица сенф
  • 2 чешниња лук
  • 200 г сланина во ливчиња
  • бибер
  • сол
  • масло

Приготвување:

Се сечка мисиркиното бело месо во блендер.

Се лупи кромидот и се сечка на коцки, па се пржи на малку масло, додека зарумени. Се цеди маснотијата и се комбинира со месото.

Лебот се сечка на коцки и се прелева со млеко. Се чека да се натопи, а потоа се цеди и се става во садот со месото.

Во состојките се додаваат лебните трошки, пасираниот лук, сенфот, јајцата и сирењето трапист исечкано на коцки. Се додаваат сол и бибер и добро се меша, да се соединат состојките во компактна смеса.

Се намрсува проѕирна фолија и на неа се става мешавината од месото. Се обликува штрудла со намрсени раце.

Се обликува погача со листовите сланина, така што ќе се преклопуваат на краевите. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 60 минути. Ако сланината зарумени порано, ролатот се прекрива со фолија и се продолжува со печење додека биде готова штрудлата.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.