Пиле со мед и со мирудии

Магија во чинијата

Љубителите на пилешко месо, а и оние што не се негов фан, дефинитвино ќе уживаат во вкусот на печено, сочно пиле приготвено на следниов начин.

Состојки: едно поголемо пиле, лажица сенф, сол, црн пипер, малку маслиново масло

Приготвување: 2 лажици мед, китка свежа мирудија, 2 лажици маслиново масло,100 г сечкани, претходно пропржени и излупени бадеми, 50 дл топла вода. Измијте го пилето и исушете го со хартиено марамче. Посолете го, наросете го со црн пипер и намачкајте го со сенф. Поклопете го и оставете го 20 мин. во фрижидер да ги впие зачините.

Дресинг: во две лажици мед додајте исечкана мирудија, бадеми и вода, потоа прелијте го пилето, покријте со хартија за печење и ставете го во рерна. Печете на 200 степени околу 50 мин. Кога месото ќе омекне, отстранете ја хартијата за да добие убава жолта боја.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.