Несекојдневно и вкусно јадење: Свинско филе со пире од тиква

Одличен рецепт!

Божествена комбинација од тиква, печено месо и костени

Гастро-мајсторот Дејан Главчев ни приготви несекојдневно и вкусно јадење. Посетете го неговиот профил на Инстаграм @glavcevdejan и пробајте го неговиот рецепт за свинско филе со пире од тиква.

Состојки:
  • 200-250 г свинско филе
  • 60 г шампињони
  • 20 г вргањ
  • 50 г спанаќ
  • 100 г тиква
  • 1 црвена пиперка
  • 20 г кромид
  • половина чешне лук
  • 1 рдоква
  • 30 г костени
Приготвување:

1. Тиквата се лупи и се сечка на парчиња.

2. Печурките и костените се печат, а тиквата се вари.

 

3. Смесата од печурки и спанаќ се реди во свинското филе.

4. Завитканото филе се пропржува и истовремено се приготвува сос од пиперката.

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.