Засладете се: Домашен намаз од лешници

Испробајте!

Брзо и едноставно – домашна здрава алтернатива на вашиот омилен сладок крем!

Состојки:

  • 200 мл слатка павлака
  • 50 гр маскарпон
  • 70 гр чоколадо со 90% какао
  • 60 гр кокосово масло
  • 100 гр лешници
  • стевија

Подготовка:

Тостирајте ги лешниците. Ставете ги во рерна загреана на 180 степени за околу 20 минути. Откако ќе ги извадите лешниците од рерната, веднаш ставете ги во блендер и мелете ги додека не се добие смеса во облик на паста. Оставете ја пастата од лешник во садот од блендерот и направете го вториот чекор.

Во сад ставете слатка павлака, стевија (количина по желба), кокосово масло и чоколадо. Ставете ја тавата на тивок оган и, постојано мешајќи, стопете ги сите состојки.

Ставете ги стопените состојки во садот од блендереот што ја содржи пастата од лешник и измешајте сè заедно околу пет минути или додека не видите дека состојките се комбинирале и имате маса како крем.

На крај, додајте го маскарпонот во кремот и повторно измешајте сè што е доволно само за да ги комбинирате состојките. Добиениот здрав намаз ставете го во тегла и ставете го во фрижидер. Може да го чувате намазот на овој начин до две недели во фрижидер.

Предлог за главно јадење: Полнети тиквички на италијански начин: Летен специјалитет, готов за половина час!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.