Концерт на светските ѕвезди за поддршка на пронајдокот на вакцина против коронавирусот

Шакира, Колдплеј, Џастин Бибер … ќе одржат онлајн концерт во сабота со цел да соберат пари за истражување за вакцина против коронавирусот.

„Уметниците имаат моќ да направат промени… На 27 јуни, на самит и концерт, уметниците, научниците и светските лидери ќе зборуваат со еден глас во искрен и редок момент на глобално единство“, рече Урсула фон дер Лејен, претседател на Европската комисија која со организацијата „Global Citizen” го организира настанот.

Настанот, на кој ќе настапат и Мајли Сајрус, Џенифер Хадсон и многу други, ќе го води актерот Двејн Џонсон.

Поддршка ќе дадат голем број познати личности, меѓу кои и Дејвид Бекам, Салма Хајек, Шарлиз Терон, додека на панелите ќе има учествува претседателот на Светската алијанса за вакцини и вакцинации Мелинда Гејтс, како и Дерик Џонсон кој ја предводи најголемата организација за одбрана на црнците во Соединетите американски држави.

Настанот ќе се емитува на бројни ТВ мрежи, но и на социјалните мрежи и платформи, како што се Фејсбук, Твитер, YouTube и на веб-страницата „Global Goal Unite”.

„Овој настан ќе ја охрабри светската заедница да работи за еднаков пристап до здравствената заштита и другите големи неправди со кои се соочува нашиот свет. Овој момент во историјата ги загрижува сите нас, тогаш се обединуваме да го отвориме патот за подобра иднина, за сите“, рече Двејн Џонсон, според изјавата на Европската комисија.

Конференцијата на донатори, што се организира во исто време со концертот, е продолжение на собирот што се одржа на 4 мај. Досега се собрани 9,8 милијарди евра, покажуваат податоците од крајот на мај.

Кампањата „Глобална цел: Обединете се за нашата Иднина”, беше покрената на 28 мај под покровителство на Урсула фон дер Лејен и со поддршка на „Блумберг Филантропи”, „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс” и „Велстомест Траст”.

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.