Вкусна идеја за фантастичен рецепт: Пригответе ишлери!

Гастро-мајстори

Пробајте го овој вкусен десерт на Ангела Котевска

Овој вкусен десерт на Ангела Котевска ќе ве заслади и ќе ве натера постојано да го приготвувате. Доколку немате инспирација за готвење, само посетете го инстаграм-профилот @tastyland_no1

Состојки:

За тестото:

  • 200 г маргарин
  • 330 г брашно
  • 100 г шеќер во прав
  • 2 жолчки
  • 4 лажици какао во прав

За филот:

  • 300 мл слатка павлака
  • 150 г чоколадо за готвење

За глазурата:

  • 50 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло за јадење

Приготвување:

1. Во длабок сад се соединува путерот со шеќерот во прав и се мати со миксер додека се добие пенеста смеса.

2. Потоа во смесата се додаваат брашното и какаото. Смесата се меша, а потоа се меси додека се добие мазно тесто, кое се става во фрижидер 30 минути.

3. На работна површина се става малку брашно и врз него се расукува кора со дебелина од 5 мм. Со помош на калап со пречник од 5 см се обликуваат колачи и се редат на плех обложен со хартија за печење. Колачите се печат 15 минути во загреана рерна на температура од 180˚Ц.

4. Слатката павлака се загрева на оган и во неа се додава сечканото чоколадо. Се меша додека се растопи. Потоа, филот се остава да се олади на собна температура, а откако ќе се олади се става во фрижидер околу 20 минути.

5. Откако добро ќе се олади, филот се мати со миксер додека се добие густа кремлива смеса.

6. Колачите се филуваат кога ќе се оладат. На секое колаче се нанесува од филот и се преклопува со друго колаче.

7. Во преостанатото чоколадо се додава масло и се става на оган да се стопи.

8. Во чоколадната глазура се потопува горниот дел на ишлерот. Ишлерите се декорираат по желба.

Извор: Добра храна

Целиот дом ќе ви замириса на цимет: Пригответе ја оваа фантастична пита од јаболка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.