Пробајте нешто ново: Секси-игри за секој хороскопски знак

Што предвидуваат астролозите во сексуалниот живот, кои нови работи треба да се испробаат и кои се идеалните партнери за секој хороскопски знак во 2021 година?

Овен

Овните се родени лидери, а оваа година, за промена, би можеле да дозволат друго лице да ја преземе контролата над креветот и со тоа да открие некои нови задоволства. Идеален партнер за нив е Стрелецот.

Бик

Биковите сакаат секс, а оваа година би можеле да постават цел да водат љубов секој ден. Дали ви се чини многу? Ако некој е подготвен да преземе таков тежок предизвик, тоа се Биковите. Во тоа, нивниот најдобар партнер ќе биде издржливиот Лав.

Близнаци 

Близнаците може да посакаат малку валкани разговори оваа година и да ги споделат своите жешки фантазии со својот партнер без цензура. Друг Близнак, Вага или Водолија најдобро ќе го стори тоа.

Рак

Креативни и инвентивни Ракови ќе се најдат во играњето улоги оваа година. Тие може да станат секси војник, учител, астронаут или што и да сакаат во момент на екстаза. Партнерот во жешките игри е мистериозен тука, но астролозите предвидуваат дека веќе ја имате на ум идеалната личност.

Лав

Лавовите обожаваат секс, па астролозите ги советуваат да добијат прирачник и да уживаат во најразлични интересни пози. Ако ги видите, можете да ги повторите. Во тоа, најдобар партнер ќе ви биде уште еден Лав, но и огнен Овен или Стрелец.

Девица

Девиците очекуваат да експериментираат со секси играчки. Оваа година, би можеле да се обедините со некои од поранешните љубови со кои некогаш летаа искри, а добри партнери за Девиците се и Бик и Јарец.

Вага

Нема многу што сензуалната Вага не сака да проба, а оваа година би можеле да бидат заинтригирани од групен секс. Идеални партнери се Риби, Скорпија и Рак.

Скорпија

Ако сè уште не сте пробале БДСМ, 2021 година е идеална година за тоа. Скорпијата привлекува сè што има вкус на забрането, опасно или малку застрашувачко. Освен другите Скорпии, Рибите и Ракот се ваши идеални партнери.

Стрелец

Авантуристичките Стрелци поминуваат многу време надвор, па не е ни чудо што астролозите предвидуваат многу секс под отворено небо. На плажа, кампување, на некое јавно, но затскриено место – изборот е ваш. Партнери кои со задоволство ќе им се придружат во ова се Близнаците, Вагите и Водолиите.

Јарец

Јарците годинава очекуваат помалку секс, но тоа не значи дека нема да се забавуваат. Ќе ги испробаат своите лимити, но и оние на своите партнери, со многу галење и предизвик, но нема да одат до крај секој пат. Таквите игри ќе го направат сексот уште посебен. Идеален партнер за Јарец е Овен.

Водолија 

Ексцентричната Водолија ќе искористи имагинација и ќе води љубов насекаде, освен во спалната соба. Но, не грижете се, има многу други простории во куќата што ќе сакате да ги истражите на нов начин. Јарецот, Девицата и Бикот најмногу ќе ви одговараат.

Риби

Трпеливи и духовити Риби ќе испробаат разни вежби за дишење и тантричен секс. Најдобри партнери за нив се Лавовите, Стрелците и Овните.

Прочитајте и: Жените одговараат: Сексот и предиграта треба да траат…

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.