Витамински колач од моркови

За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:

Состојки:

– 3 филџани рендани моркови
– 8-9 филџани брашно
– 4 филџани шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 1 прашок за печиво
– 1 лимон
– 3 филџани масло за јадење

Потребно време за подготовка на овој десерт е 30- тина минути.

Подготовка:

Го земаме лимонот и го цедиме со цедалка. Во садот за матење ставаме 3 филџани млака вода. Потоа го додаваме Шеќерот. Во садот додаваме и три филџани масло за јадење. Го додаваме и сокот од исцедениот лимон. Во садот ги додаваме и трите филџани рендани моркови. Потоа го додаваме ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Го вклучувамме електричниот миксер и матејќи постепено додаваме 8 до 9 филџани брашно. Матиме додека смесата не се изедначи и го исклучуваме миксерот.

Земаме една тава за печење и во неа ставаме малку масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешна површина на тавата. Потоа во тавата ставаме брашно и ја протресуваме тавата за целата површина да се набрашни. Во тавата го истураме тестото за витаминскиот колач. Тавата со колачот ја ставаме во фурна да се пече 15-тина минути на 225 степени. Испечениот колач го вадиме од фурна и го ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите од колачот од тавата. Тавата со колачот ја превртуваме на даската за сечење, а потоа колачот го превртуваме на лице. Со остар нож сечеме поголеми парчиња од витаминскиот колач и секое парче го ставаме на чинија за послужување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.