Вистински деликатес за сладокусците: Пробајте ги овие пенести коцки!

Сити и вити

Одличен десерт

Состојки:

За кората:

  • 5 жолчки
  • 100 г шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 100 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1/2 прашок за печиво
  • 2 лажици какао

За филот:

  • 5 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 2 ванили

За глазурата:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • 3 лажици млеко

Приготвување:

1. Прво се приготвува смесата за кората. Жолчките се матат со шеќерот и ванилин шеќер, а потоа постепено се додаваат маслото и млекото, со непрекинато матење со миксер.

2. Посебно се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и какаото со прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се миксира.

3. Се намрсува и набрашнува помал плех, па во него се истура смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, 20 минути.

4. Додека се пече кората, се приготвува филот. Се матат белките со шеќерот и ванилин шеќер во цврст снег.

5. По 20 минути печење, кората се вади од рерната, преку неа се истура снегот од белките и се рамни со шпатула. Температурата за печење се намалува на 150°Ц, па колачот се враќа во рерната и се пече уште 10 минути.

6. За приготвување на глазурата се меша чоколадото за готвење со млекото и со маслото, па се растопува на умерена температура. Печениот колач се прелева со глазурата и се остава да се зацврсти.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.