Торта „Кралица Марија“: Најубавиот празничен десерт

Вкус што создава вистинска магија

Корите од ореви и белки и двата кремови ја прават оваа торта прекрасна

Состојки:

За кората:

  • 7 белки
  • 150 г путер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 70 г брашно
  • 150 г мелени ореви
  • 150 г шеќер

За првиот фил

  • 7 жолчки
  • 150 г шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер

За вториот фил

  • 150 г шеќер
  • 4 лажици млеко
  • 150 г мелени ореви
  • 50 г путер
Приготвување:

Во еден сад изматете цврст снег од белки. Во друг сад, омекнатиот путер изматете го со шеќер, па постепено додавајте брашно, ореви и ванила. Кога ќе добиете хомогена смеса, додавајте ги белките лажица по лажица и полека мешајте. Печете во намрсен плех и наросен со брашно со големина 30х35 сантиметри, околу 20-25 минути, на околу 180 степени, проверете со чепкалка.

Во посебна чинија изматете ги жолчките со шеќерот во прав и ванилата и прелејте ги врз печената кора, потоа вратете ја во рерна да се сушат на ниска температура околу 20 минути на 100 степени. Прободете ја со чепкалка, важно е на неа да не остане жолт крем.

На тивок оган, стопете шеќер и путер со млеко и додајте ги мелените ореви. Смесата прелејте ја врз жолтиот фил и оставете ја да се олади, а потоа наросете ја со мелени ореви.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.