Совршено предјадење за куќни слави и имендени: Солена торта со спанаќ

Се' за храна!

Пробајте го ова вкусно предјадење

Уживајте во фантастичниот вкус со „Сè за храна“! Оваа солена торта е омилена за време на куќните слави и имендени. Автор на рецептот е Марија Кочовска (@kocovska.marija), а уште вакви вкусни јадења може да најдете на sezahrana.mk.

Состојки:
  • 500 г спанаќ
  • 80 г путер или маргарин
  • 80 г брашно
  • 400 мл млеко
  • 1 лажиче сол
  • 5 јајца

За филот

  • 150 г кашкавал
  • 100 г сирење
  • 250 г шунка
  • кисела павлака по потреба

Приготвување:

1. Во тенџере на оган ставете поголемо количество вода да се вари. Исчистете го спанаќот од дршките.

2. Исчистениот спанаќ ставете го во зовриената вода и кратко избланширајте го. Потоа, исцедете го и ситно исечкајте го.

3. Во тенџере или поголема тава, растопете го путерот и во него малку пропржете го брашното, па додајте го исечканиот спанаќ и посолете.

4. Полека додавајте го млекото и постојано мешајте за да не се формираат грутчиња. Варете неколку минути, додека смесата убаво се згусне како пудинг. Тргнете ја од рингла и оставете ја целосно да се олади.

5. Во оладената смеса додајте ги жолчките и изматете со миксер. Ставете ги белките во посебен сад и изматете ги во цврст снег.

6. Во садот со спанаќот додајте ги белките и измешајте со лажица за да се соединат.

7. Обложете плех со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата за пандишпанот. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусовистепени, 20-30 минути.

8. Печениот пандишпан оставете го кратко да се олади, а потоа превртете го и отстранете ја хартијата за печење. Исечете го на два еднакви дела и оставете го целосно да се олади.

9. Исечкајте ги кашкавалот и саламата на ситни коцки. Издробете го сирењето со виљушка и ставете ги сите заедно во длабок сад. Измешајте ги и додајте кисела павлака за да се поврзат состојките.

10. Врз едната кора ставете го филот и израмнете. Потоа ставете ја и втората кора. Готовата торта ставете ја во фрижидер неколку часа, а потоа исечете ја на парчиња и послужете ја. Декорирајте со кисела павлака и кечап.

Во празничниот број на магазинот „Добра храна“ ќе најдете уште вкусни рецепти и содржини.

ФОТО: Катерина Спасеновски (@katerina.shambevska)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.