Реформ-торта: Ниту една слава не може да помине без неа, а со причина ја викаат кралица на тортите!

Одличен рецепт

Оригинален рецепт за познатата реформ-торта, која освојува со својот вкус

Познатата реформ-торта важи за една од најпознатите торти во Македонија, без која невозможно е да помине која било слава. Некои ја нарекуваат и кралица на тортите, што воопшто не е чудно. Нејзиниот вкус освојува!

Состојки:

За корите (х4):

  • 4 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 100 г мелени ореви

За филот:

  • 16 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 250 г маргарин
  • 200 г шеќер во прав
  • 200 г чоколадо
Приготвување:

На кората: Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, потоа додајте брашно и мелени ореви, па внимателно соединете ги со лажица. Потоа, сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете ја околу 12 минути на 180 степени. На истиот начин пригответе ги и преостанатите три кори.

На филот: Изматете ги жолчките и шеќерот па гответе ги на пареа, тргнете ги од оган, додајте чоколадо и мешајте додека чоколадото се стопи и филот се соедини. Оставете го филот да се олади, а за тоа време изматете го маргаринот пенесто со шеќерот во прав, па соединете го со оладениот фил.

Потоа, филувајте ги корите со филот, а премачкајте ја и последната кора со филот.

Уживајте!

Најдобрата сладолед-торта на сите времиња: Ова е сè што ви треба во текот на долгите летни денови!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.