Поздраво од ова нема: Освежувачки колач без додаден шеќер!

Рецепт

Лето е и е повеќе од потревно да се насладиме со малку вкусни рецепти, особено кога станува збор за слатките десерти. Овој рецепт е многу едноставен за подготовка, а воедно и многу здрав, па вреди да му дадете шанса.

Потребно е:

6 јајца

2 портокали

2 праски

2 зрели банани

3 супени лажици овесна каша

50 гр кокосово брашно

лажица мелени лешници

2 лажици мед

прстофат сол

лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Јајцата ги матите додека не го добијат потребниот изглед.

Во блендер измелете ги бананите, праските, портокалот, заедно со кората (добро измијте ја претходно) и овесната каша.

Кога смесата ќе стане хомогена, нежно истурете ја во изматените јајца и полека мешајќи додајте мед.

Посебно измешајте ги кокосовото брашно, мелените лешници, малку сол и сода бикарбоната, па постепено додајте ги во смесата со јајцата и овошјето.

Се пече во рерна, загреана на 200 степени, 20-30 минути (проверете со чепкалка дали е печен – ако колачот излезе сув, во тој случај е готов).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.