Наједноставниот колач со јаболка: Совршен вкус што ќе ве маѓепса!

Неодоливи залачиња

Колачот со јаболка е еден од омилените десерти, а ова е наједноставниот рецепт

Состојки:

*мерката е шолја од 2 дцл

  • 3 јајца
  • 5 шолји шеќер
  • 3 шолји масло
  • 7 шолји брашно
  • 1 шолја мелени ореви или лешници
  • 1 кесичка сода бикарбона
  • 4 поголеми јаболка (околу 480 г)
  • 2 лажички цимет или ванилин шеќер
  • 4 лажици џем од кајсии, слива или по ваш избор

За премачкување:

  • 5 лажици џем
  • 1 шолја мелени ореви или лешници
Приготвување:
  • Одвојте ги белките и жолчките.
  • Во белките додајте прстофат сол, па изматете ги.
  • Потоа, постепено додавајте шеќер и продолжете со матење.
  • Во цврстиот снег додавајте ги жолчките една по една, постојано матејќи.
  • Исчистете ги и изрендајте ги јаболката, сипете цимет одозгора и промешајте.
  • Додајте ги во смесата со белки, промешајте, па додајте ореви, масло, џем и постепено додавајте просеано брашно.
  • По секое додавање брашно, промешајте.
  • На крај, додајте сода бикарбона и измешајте го сето тоа.
  • Тепсија со димензии 36х27 см премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно, па префрлете ја смесата.
  • Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 15 минути, а потоа уште 35 минути на 150 степени Целзиусови.
  • Топлиот колач премачкајте го со џем и посипете го со ореви.
Фантазија од колач: Сите ќе ви го бараат рецептот за овој сочен и неодолив десерт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.