Најдобриот домашен сладолед од само 2 состојки: Се прави за 10 минути, а вкусот го бирате вие!

Подобар од купечки

Не се знае кој сладолед е повкусен

Се прави за неколку минути, а со вкусовите можете да експериментирате колку сакате. Ние ви претставуваме 4 варијанти на овој неодолив десерт.

Состојки:
  • 400 мл слатка павлака
  • 350 мл кондензирано млеко
Прва варијанта: Сладолед нугат со чоколадо

Додајте 2-3 лажици нугат-крем и скршете чоколадо.

Втора варијанта: Орео-сладолед

Во основната смеса додајте само малку шеќер во прав и здробете орео-колачиња.

Трета варијанта: Сладолед со вкус на чизкејк

Сомелете грст јагоди и додајте ги во сладоледот, а потоа додајте и неколку лажици мелени бисквити.

Четврта варијанта: Лимон-ванила сладолед

Исцедете лимон, изрендајте ја и кората и додајте арома на ванила.

За сите варијанти, приготвувањето е исто. Најпрво се мати слатката павлака со миксер, па се додава кондензираното млеко и се меша со лажица. Потоа се додаваат посакуваните вкусови и се остава во замрзнувач за да се стегне сладоледот. Лесно и вкусно!

Дали сте чуле за здрав сладолед од тиквички? Еве го рецептот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.