Дали сте чуле за здрав сладолед од тиквички? Еве го рецептот

Фото: Thinkstock Photos

Путер од кикирики, тиквички и малку време – тоа е сè што ви треба за одличен здрав сладолед.

Сите сакаме сладолед, но не сакаме колку додаден шеќер има. Затоа, ние често сме креативни во правењето на сопствени и поздрави верзии, затоа додаваме, на пример, банани за текстура или грчки јогурт. Но, она што може да ја замени текстурата, и да ве потсети малку на слатка павлака е – тиквички!

Тиквичките се малку калорични, па затоа сакаме да ги вклучуваме во солени јадења, но исто така се одлични и во овој десерт. Покрај тоа што имаат многу хранливи материи, тие се одлични и за ситост, го стимулираат варењето, спречувааат запек и ги чистат цревата од токсини. Соединенијата во тиквичките го зачувуваат здравјето на циркулаторниот систем и го намалуваат холестеролот. Благодарение на тоа, тие го намалуваат ризикот од атеросклероза, срцев удар и мозочен удар, поради што овој сладолед од тиквички, освен што е вкусен, има и големо влијание на вашето здравје.

Еве го рецептот за овој интересен сладолед:

Состојки:

  • 80 гр природен путер од кикирики
  • 200 гр замрзнати тиквички, исечени на парчиња
  • 15 гр незасладено какао во прав
  • 15 гр еритритол шеќер
  • 1 лажичка протеин од сурутка

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мешалка и изблендирајте. Ќе добиете лесна, кремаста и мазна текстура на која не треба да се додава млеко или вода. Ако сакате овошна верзија, најдобро би било да користите банани како главна кремаста состојка и да ги заобиколите овие тиквички бидејќи вкусот може да биде чуден. Можете да задржите сладолед од тиквички една недела во замрзнувачот, или да го јадете веднаш (за што не се сомневаме дека ќе се случи).

Уживајте!

Прочитајте и: Домашни коктели за топли летни денови и поздраво тело

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.