Пробајте го овој едноставен рецепт и воодушевете ги своите домашни!
Состојки:
- 4 белки
- 200 г шеќер
- 250 г кокос
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
- Одвојте ги белките од жолчките, а потоа изматете ги во цврст снег.
- Полека додавајте кокос и кратко изматете. По желба, можете да додадете арома од ванила или еден ванилин шеќер.
- Изматената смеса ставете ја во слаткарска кеса со ѕвездест додаток и формирајте пуслици.
- Пуслиците наредете ги во сад за печење обложен со намрсена хартија и печете ги 12-15 минути додека поруменат.
За овие вкусни колачиња со путер од кикирики ќе ви требаат само три состојки