Штотуку родено бебе во Бразил проодело и ги шокирало докторите: Видеото од новороденчето разнежни и насмеа милиони луѓе!

Неверојатно

Сите се прашуваат како ова е воопшто возможно, бабицата не можела да им поверува на очите

Во породилиште во Бразил едно штотуку родено бебе ги оставило сите без текст! Имено, новороденчето ги шокирало медицинските работници во породилната сала со тоа што веднаш го покажало својот силен карактер.

Медицинската сестра, непосредно по завршувањето на породувањето, се обидела да го избања бебето, но тоа цврсто одлучило да го одбегне тоа, па веднаш проодело! Додека бабицата го држела во раце, борбеното девојче ги испружило нозете и чекорело напред обидувајќи се да се измолкне. Своите први чекори ги направило во болницата во Санта Круз, во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул.

Видеото од оваа несекојдневна ситуација од породилиштето настанало пред пет години, а денес е достапно и на социјалните мрежи, па речиси секој што ќе го изгледа се разнежнува и насменува.

„Господе, девојчето оди. Се обидов да ја избањам, но таа продолжуваше да ми бега“, рекла изненадената бабица.

Погледнете го ова неверојатно видео во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.