Секоја година прави по една преработка на песна од Тоше Проески: Слушнете ја годинешната (ВИДЕО)

Младиот македонски пејач Тони Андреев започна традиција во чест на Тоше Проески – секоја година прави по една преработка од некоја песна на македонската музичка ѕвезда.

Досега тој има направено преработки на некои од најголемите хитови на Тоше, вклучувајќи ги „Кој ли ти гризе образи“ и „Место на злосторот“.

Годинава тој објави преработка на емотивната балада на Тоше – „Боже, чувај ја од зло“ – која остави траен белег во македонската музичка историја.

И оваа година се потрудив да ја одржам традицијата во чест на Тоше што трае веќе неколку години. Ова е мојата четврта преработка и мило ми е што покрај сите обврски и настапи, успеав да си го одржам ветувањето кое се надевам дека ќе трае секоја година.

Тимот што победува не се менува, па и овојпат на звукот работевме јас и мојот бенд. Се разбира, тука е и Алек Тасевски, мојот продуцент којшто се потпишува на сите мои видеозаписи, вели Тони.

Слушнете ја преработката на „Боже, чувај ја од зло“:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.